Најдобрата во светот добро се загреа пред Австралија опен – лесно го освои Бризбејнс!

Најдобрата светска тенисерка, Арина Сабаленка, ја одбрани титулата на турнирот на тврда подлога во Бризбејн, откако во финалето ја совлада Украинката Марта Костјук (6-4, 6-3) во мечот што траеше еден час и 18 минути.

Белорусинката во првиот сет имаше максимална ефикасност на првиот сервис, освои 45-отсто од поените на втор сервис и направи два брејка, наспроти еден на Костјук. Во вториот сет, таа освои 70-отсто од поените на прв сервис и дури 78-отсто на втор, што ѝ беше доволно за уште еден брејк и сигурна победа.

Сабаленка со оваа титула дополнително ја зацврсти позицијата на врвот на ВТА-листата со 10.870 поени. Костјук, пак, од утре ќе се искачи на 20. место со 1.983 поени. За двете тенисерки следи настап на првиот гренслем-турнир во сезоната – Австралија опен, кој почнува на 18 јануари.

ФОТО: EPA PHOTO