Македонија ќе се бори за трофеј - гледајте го мечот со Швајцарија во живо!

Македонската ракометна репрезентација досега запиша две победи на „Жолтиот куп“, а пред себе го има најтешкиот предизвик, односно селекцијата на Швајцарија.

Швајцарија, исто така, беше одлична во првите два натпревари на турнирот, па славеше против Бахреин со 33-30 и Украина со 38-27, додека Македонија го надигра Бахреин со 32-28 и Украина со 31-26.

Најтешкиот предизвик за македонските ракометари пред ЕП е закажан за денеска против Швајцарија, а почетокот на преносот ќе биде од 17.45 и може да се погледне – ТУКА.

Македонија во првата рунда на ЕП се наоѓа во група со Данска, Португалија и Романија.