Димитријевиќ и Баерн поразени од Олимпијакос, лошо мина и Партизан кај Барса!

Баерн Минхен доживеа пораз на гостувањето кај Олимпијакос, загуби со 80-95, Ненад Димитријевиќ го одигра вториот меч за Баварците, Барселона со убедливи 88-70 го совлада Партизан.

Македонскиот кошаркар, Ненад Димитријевиќ на денешниот натпревар одигра нешто помалку од 23 минути за кои постигна шест поени, а имаше и пет асистенции.

Баерн Минхен добро го отвори мечот, водеше по првите десет минути со 23-21, но многуте грешки му овозможија на Олимпијакос да го сврти резултатот и на одморот да замине со предност од 49-47.

Во вториот дел грчкиот тим беше уште подобар и на крајот запиша убедлива победа од 95-80. Резултатот беше повисок отколку што заслужи Баерн, но Олимпијакос беше подобар противник.

Везенков со 25 поени беше најдобар поединец на мечот, Обст даде 21 поен за Баерн Минхен.

Слично се одвиваа работите и на мечот меѓу Барселона и Партизан. И тука гостите одлично го почнаа натпреварот и ја добија првата четвртина, беше 20-13 за црно-белите по првите десет минути.

Но, по краткиот одмор Барселона го крена нивото и почна да го полни кошот на Партизан, на крајот славеше убедлива победа од 88-70.

Кошаркарот на Партизан, Вашингтон беше најдобар стрелец на мечот со 20 поени, Вили Ернангомез кај Барса реализираше 16 поени.