Галевски: Турнирот во Швајцарија наликува на ЕП, многу ќе ни помогне пред Данска!
Македонија губеше по првото полувреме со 13-17, а во вториот дел Галевски со неколку фантастични интервенции ги откажа украинските ракометари и им даде верба на своите соиграчи кои направија голем пресврт и дојдоа до триумф.
„Имавме осцилации во играта, но тоа е нормално, осцилациите ги има на еден ваков турнирски систем на натпревари. Ова ќе ни помогне многу бидејќи ваков турнир многу потсетува на Европското првенство во Данска, така што ова е добра увертира. Знаеме да се подготвиме, да се подготвиме добро, да ги анализираме нашите недостатоци и добрите работи. Оваа победа ни значи многу за нашата самодоверба која ќе ни е потребна за утрешниот натпревар против Швајцарија“, вели Галевски.
„Секогаш може подобро. Задоволен сум од мојот настап, мое да ја искористам секоја шанса што ќе ми се укаже без разлика колку е тоа временски, дали 5, 10 минути, полувреме или цел натпревар. Како што кажав секогаш може и подобо. Во мојата добра партија значителна улога имаа и моите соиграчи кои ги поправија тие недостатоци од првото полувреме во одбраната и беа одлични и ни дадоа ветар во грб за да ја оствариме оваа победа за Македонија“.
Македонија утре од 18 часот против Швајцарија го игра последниот натпревар на турнирот, потоа нашите ракометари летаат за Данска на Европското првенство.