Денвер се огласи за повредата на Јокиќ!
Денвер преку своите официјални канали соопшти дека Јокиќ сигурно ќе паузира четири недели кога се очекува и да биде подготвен за враќање.
„Никола Јокиќ се здоби со „хиперекстензија на левото колено“ за време на синоќешниот натпревар против Мајами Хит. Никола ќе биде повторно прегледан за четири недели“, објави Денвер.
Ваквата информација е добра затоа што значи дека српскиот кошаркар нема посериозни оштетувања кои можеа да доведат и до подолга пауза.