Ѓоковиќ со урнебесна игра со зборови им го честита Божик на тие што го слават денеска (ФОТО)

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, уште еднаш покажа дека и за празниците не излегува од својот препознатлив ритам – тренингот е на прво место, а хуморот неизоставен дел од приказната.

Српскиот ас, кој се подготвува за почетокот на новата сезона и настапите во Аделаида и на Австралија опен, објави видеа од тренинг во Атина, но најголемо внимание привлече необичната празнична честитка што ја напиша. Наместо класичното „Merry Christmas“, Ѓоковиќ се реши за игра на зборови – „Merry fitness“, јасна алузија дека за него празниците значат работа, форма и дисциплина. Духовитата замена на зборот „Christmas“ со „fitness“ брзо стана хит меѓу фановите, кои ја препознаа пораката: кај Новак нема пауза, дури ни за Божик.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Објавата беше дополнета со кадри од тренинг на отворено, во шорц и маица, искористувајќи го сончевото време и температурите од 15 до 20 степени во грчката престолнина. Оригиналната честитка предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, а меѓу оние што му возвратија се најдоа и бројни познати спортски имиња, што уште еднаш потврди дека Ѓоковиќ знае како со едноставна игра на зборови да го привлече вниманието на јавноста.

ФОТО: EPA PHOTO