Најкраткото „патување“ во историјата на Купот на Франција - само 44 метри

Ждрепката за третото коло од Купот на Франција кое е на програмата во јануари донесе пресметка на градските ривали ПСЖ и Париз.

Тие не само што се градски, туку се и локални ривали бидејќи нивните стадиони ги дели само една улица. Растојаните од едниот до другиот објект изнесува само 44 метри што го прави ова „гостување“ најкратко во историјата на Купот на Франција. Домаќин на дуелот ќе биде ПСЖ што значи дека натпреварот ќе се игра на Паркот на принцовите.

Ова е првпат во историјата, ПСЖ и Париз да се сретнат во Купот на Франција иако двата клуба постојат повеќе од половина век. Низ историјата одиграле само два меча и тоа во сезоната 1978/79, во елитната конкуренција при што двата натпревари завршиле без победник (2-2 и 1-1). Тогаш Париз не играл на сегашниот стадион „Жан Буан“ кој се наоѓа веднаш до Паркот на принцовите, туку на „Себастијан Шарлети“ каде настапуваше до минатата сезона.

Годинава Париз се врати во француската фудбалска елита, но првиот првенствен меч против ПСЖ ќе го игра на 4 јануари. Интересно е тоа што оваа сезона, неколку француски клубови мораа да патуваат „половина свет“, на другиот крај од планетата за да играат во националниот Куп против тимови од колониите на Франција во Пацификот. За разлика од нив, фудбалерите на Париз ќе треба да поминат само едно уличе за да стигнат до Паркот на принцовите.