Јунајтед и Милан не учествуваат во европските купови, па ќе играат меѓу себе
Со оглед на двете екипи сезонава не настапуваат во европските купови, им се отвора прозорец во календарот, кон средината на февруари. Тогаш би можел да се одржи овој меч, повторно во Саудиска Арабија која последните години е домаќин на најголемите фудбалски клубови од светот.
Иако ревијален натпревар, Јунајтед планира да го испрати својот најдобар тим во Саудиска Арабија. Иако сè уште не е постигнат договор, веќе се водени разговори со видни лица од оваа блискоисточна држава за домаќинство на пријателскиот натпревар.