„Само Реал прави тензија во Шпанија, целосно изгубиле контакт со реалноста!“

Минатата откако Флорентино Перез речиси половина од својот говор на традиционалната новогодишна здравица го посвети на темата за судењето, првенствено на случајот „Негреира“ и конкретните одлуки кои, според него, му наштетиле на Реал Мадрид оваа сезона.

Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта, одговори следниот ден и се пошегува со него со коментар за „акутен барселонитис“ со кој Реал ги оправдува своите лоши резултати. По отровните стрели од двете страни, во интервју за каталонскиот весник Спорт, се огласи и првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, личност која, од различни причини, не им се допаѓа ниту на едните, ниту на другите. Неговиот став е дека Реал Мадрид е тој што непотребно ја креира тензијата во Шпанија.

„Тензиите во овој случај не се генерирани од Барселона. Ниту пак од другите клубови. Реал Мадрид е тој што е против сè... Против Барселона, против судиите, против сите. Мислам дека го прават тоа погрешно, дека не го избрале вистинскиот пат. Нивниот наратив не му помага на никого, а наративот е дека она што се случува денес, со некои грешки на судиите, е последица и вина на она што се случило во 2019 или 2017 година.

Тие се обидуваат да создадат наратив дека судиите моментално се под некакво влијание. Тоа е многу опасно бидејќи не е вистина. Тие го создадоа тој наратив и тензијата произлегува од него. Тие генерираат тензии цел викенд преку клупската телевизија на Реал Мадрид, преку претседателот на Реал Мадрид пред некој ден... Мислам дека целосно изгубија контакт со реалноста“, смета Тебас.

Притисокот од Реал се зголеми последната година во која мадридскиот клуб не освои ниеден трофеј, а претрпе неколку дебакли од најголемиот ривал Барселона, вклучувајќи два пораза во финални натпревари. Така беше и во 2023 година кога „каталонците“ се надминаа себеси и ја освоија шампионската титула во Ла Лига и покрај тоа што „кралевите“ беа апсолутни фаворити, со голем број ѕвезди во своите редови.