Слот за повредата на Исак: Тоа никогаш не е добро
Исак во игра влезе на почетокот од второто полувреме, а по десет минути успеа да се запише во листата стрелци, меѓутоа во истиот момент и зарабти повреда поради која Слот веднаш го замени.
Сцената не изгледаше добро и на прв поглед делува како посериозна повреда. Тренерот на „црвените“, Арне Слот, веднаш по натпреварот беше запрашан за првичните прогнози, но не можеше да прецизира во каква состојба е напаѓачот.
„Ќе мора да почекаме и да видиме. Премногу е краток период по натпреварот за да се зборува за тоа, но никогаш не е добро кога фудбалер мора да излезе од игра“, изјави Слот.
Холандскиот стратег во последните моменти беше принуден да го замени и фудбалерот кој влезе на местото на Исак, Жереми Фимпонг. Иако до крајот имаше помалку од минута во тие моменти Слот направи замена.
„Го заменив бидејќи не сакав да играме со десетмина. Неговата ситуација е во ред“, додаде Слот.