Не му простија: Алегри казнет за скандалот против Наполи

Стратегот на Милан, Масимилијано Алегри ќе мора да плати парична казна во износ од 10.000 евра за инцидентот во дербито со Наполи. 

Имено, Алегри во овој дуел во финишот ги загуби нервите и влезе во жестоок конфликт со Габриеле Оријали од стручниот штаб на Наполи, но и Антонио Конте.

Поради расправијата по полуфиналниот дуел не дојде и до вообичаеното ракување помеѓу двајцата тренери.

Реакција за однесувањето на Алегри имаше и од Наполи по натпреварот.

„Наполи остро го осудува однесувањето на тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, кој за време на полуфиналето на Суперкупот на Италија во присуство на десетина луѓе на теренот и на телевизија во живо, сериозно го навреди Габриеле Оријали со навредливи и повторувачки изрази. Се надеваме дека таков напад нема да помине незабележано, особено затоа што со 33 камери е невозможно да не се сними што се случи“, гласеше соопштението на Наполи.