Меси ќе добие статус на божество во Индија - му направија најголема статуа во светот (ВИДЕО)
Индиските медиуми објавија дека се очекува познатиот Аргентинец да пристигне во главниот и најголем град на индиската држава Западен Бенгал за таа пригода. Поради ова, во Калкута владее вистинска еуфорија. Статуата, која се наоѓа во близина на спортскиот клуб „Шри Бхуми“, го прикажува 38-годишниот фудбалер како го држи трофејот од Светското првенство во 2022 година, освоен во Катар. Висока е 20 метри и ќе биде највисокиот споменик на Меси во светот.
„Нема поголема статуа на Меси низ светот. Тој има многу обожаватели овде. Луѓето велеа: Имаме статуа на Марадона, зошто да немаме статуа на Меси? На крајот на краиштата, Марадона, Роналдињо и Емилијано Мартинез дојдоа овде“, рече Суџит Бозе, министер на Западен Бенгал и претседател на спортскиот клуб „Шри Бхуми“.
Церемонијата на откривање на статуата ќе се одржи во сабота, 13 декември, а беше најавено дека покрај Лионел Меси, во Индија ќе пристигнат и неговите пријатели и соиграчи од Интер Мајами, Уругваецот Луис Суарез и Аргентинецот Родриго Де Пол.