Тренерот на Јута им „е*а мајката“ на играчите – во стилот на Обрадовиќ и Атаман (ВИДЕО)

Кошаркарите на Јута џез прексиноќа убедливо загубија од Оклахома Сити Тандер (101-131), во меч кој практично беше решен уште во првата четвртина, па разочарувачката игра на гостите доведе до редок и невообичаен момент за НБА-лигата – тренерот Вил Харди жестоко им се развика на своите играчи за време на тајм-аут.

Само двајца стартери на Џез беа двоцифрени, а Харди целосно го изгуби трпението поради недостигот од агресија и борбеност на теренот.

„Доста ми е од ова секој е*ен ден! Играјте е*ено посилно!“, извика Харди во момент на фрустрација, што потсети на тајм-аут од европската кошарка, односно на изливот на емоции на Жељко Обрадовиќ или Ергин Атаман.

Во лигата во која односот кон играчите обично е смирен и контролирана, ваков пристап се смета за вистински инцидент. По избувнувањето, Харди накратко го прекина говорот и едноставно се оддалечи од клупата. Јута моментално има биланс 8-15 и сѐ повеќе личи на тим кој би можел да биде меѓу фаворитите за една од највисоките позиции на НБА лотаријата, што автоматски значи меѓу најлошите на крајот од сезоната.