Ѓоковиќ го прогнозираше освојувачот на Мундијалот - очекува и сензација!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ често пати знае да зборува на тема и на други спортови, па така беше и сега кога го прогнозираше освојувачот на Светското првенство наредното лето.

Новинарите побарале од Новак да го прогнозира освојувачот на турнирот во САД, Канада и Мексико за викендот кога тој присуствуваше на трката во Формула 1 во Абу Даби.

Интересно е што Ѓоковиќ очекува до финалето да стигне репрезентацијата на Мексико, сепак кога е освојувачот во прашање, верува дека тоа ќе биде Португалија.

„Португалија! Ќе слават во финале против Мексико“, изјави Ѓоковиќ.

Ќе потсетиме, Светското првенство ќе се игра од 11 јуни до 19 јули, а натпревари ќе се играат во 16 градови.