Миовски со втор гол го носи Ренџерс кон триумф над Килмарнок (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски постигна и втор гол за Ренџерс во дуелот против Килмарнок во 15. коло од шкотскиот шампионат.

Миовски доби топка во казнениот простор на ривалот во 54. минута, по што успешно измами еден дефанзивец и ја испрати топката во мрежата на домашниот состав за да го зголеми водството на 2-0.

Фото: Facebook/Rangers FC