ТФТ го расплака Пелистер среде Битола, Куманово го скрши Тиквеш

Кошаркарите на ТФТ Скопје триумфираа против Пелистер со 87-83 во Битола, додека Куманово го надигра Тиквеш со 94-77 во деветтото коло од Првата лига.

Пелистер ја доби првата четвртина со 20-18, по што израмнетата игра продолжи во вториот дел, меѓутоа битолчани успеаја да ја преземат контролата и на паузата да заминат со 40-32.

Предноста од осум поени не издржа долго во вториот дел бидејќи ТФТ влезе во одлична серија и поведе со 44-43. Во продолжение се водеше голема битка на паркетот, а на крајот скопскиот тим славеше со 87-83.

Најефикасен во победничкиот тим беше Стенли Дејвис со 25 поени, додека Стајиќ и Малешевиќ запишаа по 20 поени за Пелистер.

Куманово запиша победа против жилавиот Тиквеш, кој даваше отпор до последните 10 минути, по што домаќинот го скрши отпорот на ривалот. Најефикасен на теренот беше Немања Николиќ со 29 поени.

Фото: ABA2