Лудило во Истанбул: Осимен со ножички во 92. минута донесе победа за Галатасарај! (ВИДЕО)
Со голови на Сане и Осимен, Галатасарај имаше водство со 2-0 по првото полувреме, но малку фалеше ваквата предност да биде прокоцкана.
Самсунспор најпрво намали во 56. минута, а потоа во 88. минута дојде и до израмнување на 2-2.
Галатасарај сепак дојде до победа откако Осимен погоди со ножички во втората минута од судиското продолжение.