ФИФА делумно ги израдува фановите кои сакаат да одат на Светско првенство!
Голема врева се крена дека цените за натпреварите ќе варираат според побарувачката, а тоа создаде паника кај фановите кои предвидуваа дека просечниот човек нема да има можност да купи билет ако така бидат поставени работите.
ФИФА ја сфати сериозноста на ситуацијата и реши да ја коригира одлуката. Динамичкиот модел на цените нема да важи за дел од билетите, односно за фан категоријата, оние влезници кои ќе бидат делени на репрезентациите.
Како и досега, секоја репрезентација ќе има одреден број на влезници за своите фанови, овие билети ќе останат по фиксна цена.