Пелистер загуби во Загреб - пораз од најслабиот!

Ракометарите на Пелистер беа поразени на гостувањето во Загреб со 23-27 во натпревар од десетото коло во Лигата на шампионите.

Загреб пред овој натпревар немаше освоено ниту еден бод, беше убедливо најслаб во групата, но вечерва, против Пелистер се израдуваа на првиот триумф.

Пелистер добро го почна мечот, имаше водство од 5-1 на стартот, но таа предност брзо почна да се топи, следуваше серија на Загреб и израмнување на 7-7. Во наредните минути се играше гол за гол, на полувремето Загреб отиде со предност од два разлика, беше 14-12.

Во вториот дел Загреб изгледаше сигурно, не само што ја одржуваа предноста, туку и ја зголемуваа, на крајот победија со пет разлика, беше 27-23.

Најефикасен кај Пелистер беше Кузмановски кој постигна шест гола, најефикасен на мечот беше Главаш од Загреб со девет погодоци. Голманот на хрватскиот тим, Местриќ имаше 11 интервенции.

Ова беше последниот меч од Лигата на шампионите за оваа година за Пелистер. Следниот дуел е во февруари против Висла Плоцк.