Барса се спаси – играч на Атлетико промаши празен гол од 11 метри (ВИДЕО)
Гостите не беа многу опасни и главно се фокусираа на својот гол, но имаа неколку сериозни акции во второто полувреме, откако Барса поведе со 2-1. Најголемата шанса ја пропушти Тијаго Алмада кој можеше да замолкне околу 45 илјади гледачи на Камп Ноу.
Тој доби една длабинска топка на половината на домашниот тим, одлично се ослободи и легна на земја четворица противнички фудбалери, вклучувајќи го и голманот Гарсија, но кога требаше само да ја вметне топката во празната мрежа, ја испрати далеку од голот.