Нејмар може да направи трансфер каков што никој не очекува!

Од Островот пристигнуваат сензационални информации за трансфер на Бразилецот Нејмар кој наводно би можел да се пресели во Манчестер јунајтед.

Наводно, во гигантот од „Олд Трафорд“ размислуваат да го ангажираат Бразилецот и покрај неговата склоност кон повреди и послабата форма во изминатите години.

Нејмар е најдобар стрелец во историјата на бразилската реепрезентација со 79 голови во 128 натпревари и во овој момент е член на Сантос.

Во Сантос заработи повреда, но и покрај тоа одлучи да даде се од себе на теренот за да го спаси клубот од испаѓање.

Неговиот договор истекува во 2026 година и поради тоа почнаа шпекулциите за неговиот можен нов ангажман, досега опција беше и МЛС лигата и тоа Интер Мајами, каде што повторно би играл со Меси и Суарез.