Грозница во Барселона пред дербито вечерва!

Фудбалерите на Барселона вечерва во рамките од 19. коло во Ла Лига го играат дербито против Атлетико Мадрид, а пред овој дуел каталонскиот гигант се соочува со проблеми.

Барселона има проблеми на теренот и јасно е дека тимот не игра со истиот интезитет како и минатата сезона кога стигнаа на чекор од пласман во финалето од Лигата на шампионите и освоија двојна круна во Шпанија.

Лидери се во првенството, но тоа може да се промени, по ова коло, ако не слават вечерва против Атлетико.

Пред самиот дуел пристигнува и лоша вест со Френки Де Јонг. Барселона потврди дека холандскиот дефанзивец се разбудил со температура и грозница, па ќе го пропушти вечерашното дерби кое се игра во терминот од 21:00 часот.