Симона Халеп конечно откри зошто ги намалила големите гради и - како ѝ било!
Таа објаснува дека во 17-тата година се соочила со сериозни болки во грбот, кои ѝ го загрозувале развојот во професионалниот тенис. По консултации со повеќе специјалисти, единствената препорака била операција, иако станувало збор за редок и храбар потег за една девојка на таа возраст.
„Бев премлада за таква одлука, но немав избор. Болките беа силни, не можев да се движам и бев искрено исплашена“, открива Халеп во изјава пренесена од „Тениски свет“.

Во тоа време, Романката беше прва јуниорка во светот, со финале на Австралијан опен до 18 години и титула на Ролан Гарос во истата конкуренција. Но, по парискиот триумф во 2007 година, здравствените проблеми станале пречка да премине целосно во професионалните води.
„Специјалистите ми рекоа дека намалувањето на градите може да го намали притисокот врз грбот. Знаев дека без тоа нема да можам да играм врвен тенис. Верував дека жртвата ќе се исплати“, додава Халеп.
Иако ризикот бил голем и немало гаранција дека операцијата ќе го реши проблемот, подоцнежната кариера потврди дека одлуката била исправна. Халеп освои две гренслем-титули — Ролан Гарос и Вимблдон — и стигна до број 1 на ВТА-листата. Нејзиниот подем беше прекинат од допинг-суспензија која подоцна се покажа како неправедна. Прво беше казнета со четири години, но по повторно разгледување на случајот и утврдување дека супстанцата ја примила по грешка од трето лице, забраната беше намалена на девет месеци, по што се врати на теренот.