Утка за историја: Фудбалер на Силекс промаши празен гол од само неколку метри (ВИДЕО)

Поплавениот терен во Кратово не само што носи комични сцени во кои фудбалерите буквално ја бркаат топката и не знаат каде и како таа ќе отиде, го донесе можеби најголемото промашување во историјата на македонскиот фудбал.

Босанскиот интернационалец во дресот на Силекс, Миљан Говедарица, ќе влезе во аналите, откако не успеа да погоди во празната мрежа на Арсими и тоа од само неколку метри.

Претходно, еден од дефанзивците на гостите заглави во калта, што на домашниот фудбалер му отвори шанса да изедначи, но тој успеа да промаши од позиција од која и мало дете би погодило.