Ренџерс и Миовски ремизираа против Брага, Ц. Звезда му пресуди на ФЦСБ (ВИДЕО)
Таверние во третата минута од судиското надополнување во првото полувреме погоди од пенал за предност од 1-0 на тимот од Шкотска.
Брага се соочи со дополнителни проблеми во 61. минута кога Залазар доби директен црвен картон, меѓутоа тоа не ги спречи гостите од Португалија да стигнат до погодок во 69. минута.
Миовски влезе во игра во 77. минута од средбата, но Ренџерс до крајот на мечот не успеа да постигне и втор гол.
Ренџерс по пет одиграни кола има само еден освоен бод, додека Брага е на седмата позиција со 10 поени.
Црвена Звезда успеа да ги израдува своите фанови, откако славеше со 1-0 против ФЦСБ, иако од 27. минута играше со фудбалер помалку поради црвениот картон на Тебо Учена. Единствениот гол на натпреварот беше дело на Бруно Дуарте, кој во 50. минута стрелаше за победа на „црвено-белите“ од 1-0.
Останати резултати:
Бетис – Утрехт 2-1
Болоња – Салцбург 4-1
Генк – Базел 2-1
Макаби Тел Авив – Лион 0-6
Нотингем Форест – Малме 3-0
Панатинаикос – Штурм Грац 2-1