Шкендија без муниција во Приштина: Дрита со еден гол до нова победа (ВИДЕО)
Дрита до предност стигна во 20. минута кога Арб Манај стигна до една топка во казнениот простор и ја испрати во мрежата на тетовската екипа.
Шкендија тргна по израмнување во Приштина, но Дрита успешно се бранеше во првите 45 минути од средбата.
Екипата од Тетово се обидуваше и во вториот дел, а успеа да погоди и пречка, меѓутоа до крајот на средбата не успеа да постигне гол и да се спаси од пораз.
Шкендија по четири одиграни кола се наоѓа на 25. место со четири поени, додека Дрита е на осмата позиција со осум бода.
Останати резултати:
Бреидаблик – Самсунспор 2-2
Легија – Спарта Прага 0-1
Риека – АЕК Ларнака 0-0
Шамрок – Шахтер 1-2
Јагелонија – КуПС 1-0
Стразбур – Кристал Палас 2-1
Standings provided by Sofascore
Фото: Шкендија