Чупиќ: Им покажавме на другите екипи каде ни е местото
„Црвено-црните“ се безмалку перфектни оваа сезона, имаат само два минимални порази и тоа еден во Суперкупот од Пелистер и еден од Кристијанштад, но факт е дека малку недостасуваше двата меча да ги добијат. Тренерот Иван Чупиќ е презадоволен од синоќешното издание иако потенцира дека можеби резултатот не е реален одраз на квалитетот на двете екипи.
„Нормално е дека сум среќен и задоволен, моите ракометари беа подобри во текот на сите 60 минути, „гризеа“ на теренот и ја демонстрираа играта како што трениравме. Им покажавме на другите екипи каде ни е местото и што можеме да очекуваме од себе оваа сезона. Мислам дека секој што е дел од Вардар е презадоволен по ваков натпревар.
Можеби резултатот покажува дека натпреварот бил лесен за нас, но во суштина не беша така, моравме добро да се потрудиме и да одиграме најдобро што знаеме за да излезе вака“, рече Чупиќ по натпреварот.
Во последното коло Вардар ќе го пречека Тулуз во меч кој нема никакво резултатско значење бидејќи исходот од тој дуел не решава буквално ништо во групата.