Нова шлаканица за шампионот: Нотингем им одржа фудбалска лекција на „Енфилд“! (ВИДЕО)
Катастофата за избраниците на Арне Слот беше најавена во 33. минута кога Мурлио го отвори резултатот. Само две минути подоцна Игор Жезус ја затресе мрежата на Алисон, но тој гол беше поништен поради игра со рака, по реакција на ВАР.
Само што започна второто полувреме, Савона се погрижи за 2-0. Ништо не се промени ниту во продолжение, Ливерпул не беше ниту блиску да се закани за некаков пресврт, а Гибс Вајт на десетина минути пред крајот само ги постави конечните 3-0.
За Ливерпул ова е веќе седми пораз од почетокот на сезоната по 13 кола и втор во низа откако и Манчестер сити во минатото ги победи со 3-0.
На останатите реедби, Фулам го доби Сандерленд со 1-0, Брајтон беше подобар од Брентфорд со 2-1, додека Бормут и Вест хем ремизираа 2-2.