Филмска ликвидација среде бел ден во Белград, брутално убиен навивач на Партизан!
Пантиќ бил ликвидиран како во филмска сцена откако две непознати лица му се појавиле од зад грб на скутер и му испукале неколку куршуми во главата и телото.
Набрзо на местото на ликвидацијата се собрале бројни пријатели и членови на семејството на Пантиќ кој починал веднаш. Полицијата го обезбедила местото и отворена е потрага по сторителите.
Инаку, Пантиќ беше водач на навивачите на Патизан од Земун и до денес врз него имаше неколку неуспешни обиди да се ликвидира.