Димитриевски се извинил и побарал прошка од соиграчите во Валенсија!
Во тој разговор Димитриевски според зборовите на Корберан се извнил за дадените изјави во гостувањето во подкастот на Стефан Лазаров.
„Сезонава пристигна втор голман со опција во договорот што треба да одигра одреден број натпревар, ако не игра клубот, ќе плати казна. Минатото лето имаше опции да заминам, но Валенсија не ме пушти. Се појавија клубови од четири големи лиги, како и од Турција и Саудиска Арабија, јас бев подготвен да заминам, но останав“, изјави во еден дел од разговорот Димтриевски.
Димитриевски разговорот со Корберан го одржал во „четири очи“, а подоцна на тренингот се извинил.
„Имавме разговор и во него Димитриевсски побара прошка затоа што неговите изјави беа погрешни и неточни. Во Валенија никој не игра поради неговиот договор. Свесен е за неговата постапка и побара прошка во соблекувалната и стручниот штаб, со тоа таа тема е затворена“, изјави Корберан.
Сепак, македонскиот голман ќе биде и финансиски казнет со износ кој засега не се открива.