Чави ќе му биде тренер на Елмас!?
Поразот од Болоња од 0-2, кој дојде по ремито со Ајнтрахт Франкфурт од 0-0 на домашен терен и дебаклот во Ајндховен од ПСВ со 2-6, го разнишаа столчето на Антонио Конте.
Дел од навивачите на Наполи почнаа да прават притисок за тренерска смена иако е факт дека речиси половина од стартниот состав е повреден.
Се шпекулира дека има два кандидати за нов тренер на Наполи, првиот е Чави, а вториот Тијаго Мота.
Чави не работел откако замина од Барселона. Имаше неколку понуди, но засега сите ги одби. Наводно последен клуб кој го одбил е Спартак Москва.
Тијаго Мота својата најголема промоција како тренер ја имаше во Болоња со која дојде до Лигата на шампионите. Потоа се пресели во Јувентус каде не помина добро, но се уште има висока репутација во Италија.
Наводно клучни за иднината на Конте ќе бидат наредните три натпревари, против Аталанта и Карабах на домашен терен и гостување кај Рома на Олимпико.