Ден за ждрепка: Македонија ќе го дознае противникот во баражот за СП

Македонската фудбалска репрезентација денеска ќе го дознае противникот за полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство и потенцијалниот противник во финалето.

Ждрепката ќе почне од 13 часот, а Македонската телевизија (МТВ) ќе врши директен пренос од настанот.

Македонија ќе биде влечена од последниот, четврти шешир, во кој покрај нас се уште и селекциите на Шведска, Романија и Северна Ирска, тоа значи дека нема да играме со ниту една од нив.

Нашиот противник ќе биде од најсилниот, прв шешир, во кој се Италија, Данска, Турција и Украина. Мечот ќе го играме на гостински терен.

Доколку успееме да победиме во полуфиналниот дуел, во финалето ќе играме со некој од вториот или третиот шешир. 

Прв шешир: Италија, Данска, Турција, Украина

Втор шешир: Полска, Велс, Чешка, Словачка.

Трет шешир: Р. Ирска, Албанија, БиХ, Косово

Четврти шешир: Шведска, Романија, Македонија, Северна Ирска

Полуфиналните натпревари се играат на 26 март, финалињата се на 31 март.