Премиерлигашките Бразилци го средија Сенегал! (ВИДЕО)

Бразил со 2-0 го доби пријателскиот натпревар против Сенегал, а головите ги постигнаа фудбалери кои настапуваат во најдобрата англиска лига, Естевао и Касемиро.

Момците на Анчелоти имаа рутинска задача, покажаа дека се поквалитетна селекција од Сенегал и дека се на вистинскиот пат во подготовките за Светското првенство.

Резултатот го отвори фудбалерот на Челси, Естевао со убав гол во 28. минута.

Седум минути подоцна, по асистенција на Родриго од слободен удар, играчот на Манчестер Јунајтед, Касемиро погоди за предност од 2-0, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

Фото: ЕПА