Динамо подготвува трансфер бомба - ќе го враќа Ливаковиќ!
Ливаковиќ во моментов е на позајмица во Жирона, но нема брането ниту една минути за шпанскиот тим. Неговата ситуација таму е ужасно лоша, па поради тоа во прашање е доведена и неговата позиција како прв голман во хрватската репрезнетација.
Засега селекторот Златко Далиќ му верува и тој е уште прв голман на Хрватска, но доби и порака дека треба да ја реши својата ситуација.
Поради фактот што не брани за Жирона, Ливаковиќ може во јануари да го промени клубот, а хрватските медиуми пишуваат дека Динамо Загреб ќе се обиде да ја искористи ситуацијата и да го врати во своите редови.
Ливаковиќ беше голман на Динамо Загреб од 2016 до 2023 година кога од таму отиде во Фенербахче.