Белгија само до бод во Астана – за повеќе да нѐ болат ремијата со Казахстан и Велс!
Поделбата на бодовите во Астана математички го држи нашиот тим во трка, шансите за такво нешто не се ни симболични. Белгија останува два чекори пред Македонија и во последното коло ја чека лесен дуел со Лихтенштајн пред своја публика. За пропуштената шанса да се атакува врвот, Македонија ќе мора да жали поради домашните киксови – мерешените средби со Казахстан, а особено со Велс, кога противникот изедначи буквално во последните секунди.
Казахстан вечерашниот дуел го отвори мечот шокантно, откако Дастан Сатпаев по само девет минути ја затресе мрежата на големиот фаворит. Белгијците веднаш притиснаа, но без вистински ефект. Домашната одбрана функционираше беспрекорно, а голманот Темирлан Анарбеков блескаше со одбрани, елиминирајќи бројни закани.
Белгија успеа да се врати во 48. минута преку Ханс Ванакен и потоа ја презеде контролата врз натпреварот. Притисокот стануваше сè поинтензивен, особено по исклучувањето на Чесноков во 79. минута. Но, и со играч помалку, Казахстан остана цврст и ги одбрани последните напади, освојувајќи бод што вреди како победа.
Македонија својот последен дуел ќе го одигра во вторник на гости кај Велс, но без разлика на исходот веќе има обезбедено пласман во баражот за следниот Мундијал.