Бецеки постави рекорд во Валенсија, откажа моторот на Бањаја
Пол позицијата ја освои Италијанецот Марко Бецеки кој минатиот викенд во Португалија стигна до својот втор триумф сезонава, а денеска го запиша и најбрзиот круг со време 1:28,809 минути со што постави и рекорд на патеката во Валенсија. Ова е петти пат 27- годишникот од Римини да ја освои првата стартна позиција.
Двократниот шампион Франческо Бањаја немаше среќа и не ги заврши денешните квалификации откако му откажа моторот.
Првиот ред го пополнија уште: Алекс Маркез Фабио Ди Џанантонио , додека веднаш зад нив ќе стартуваат Рауљ Фернандез, Педро Акоста и Фабио Квартараро.
Главната трка е закажана за утре во 14:00 часот.
Less than a tenth covers the top 5 in Q2 🤯
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) November 15, 2025
Bezzecchi stars in an EPIC final qualifying session🤩#ValenciaGP 🏁 pic.twitter.com/oEwhH43kwr
Фото: EPA