Можен проблем за Денвер, се повредил Јокиќ!
Од Денвер потврдија дека Јокиќ се здобил со повреда на зглобот на левата рака и поради тоа неговиот настап е под знак прашалник. Дополнителен проблем за Денвер е што во овој натпревар сигурно нема да може да сметаат на Кристијан Браун и Кем Џонсон кои исто така се повредени.
За Денвер е добро што повредата на Јокиќ сигурно не е од сериозен карактер, меѓутоа за денешниот дуел е неизвесен.
Од почетокот на сезоната, Јокиќ игра во фантастична форма и има просек од 28.8 поени, 13.1 скокови и 10.9 асистенции по натпревар, додека Денвер е на скор од девет победи и два порази.