Гатузо ја удри по ФИФА, бара промена на правилата за пласман на СП!

Италијанскиот селектор, Џенаро Гатузо откако Италија се најде пред речиси невозможна мисисија да обезбеди директен пласман на Светското првенство ја повика ФИФА да размисли за промена на правилата.

За „Аѕурите“ директно да се пласираат на Светското првенство потребно е во последното коло да ја победат Норвешка со 9-0 и тоа не изгледа реално, па така веројатно Италијанците ќе одат во баражот.

„Во мое време најдобрите вторпласирани репрезентации одеа директно на Светското првенство, сега правилата се променија. За да ма нова промена, морате да разговарате со оние кои ги организираат турнирите.  Во 1990 и 1994 година имаше две афрички селекции, сега се девет. Тоа не е контроверзија, но постојат потешкотии и тоа добро го знаеме“.

Гатузо потоа зборуваше и за системот во Јужна Америка.

„Ако погледнете таму, шест од десет репрезентации одат директно на Светското првенство, седмата оди во бараж со репрезентација од Океанија, тоа ви создава одредено жалење и тага. Навистина е разочарување. Квалификацискиот систем за Европа мора да се промени“, потенцираше Гатузо.

Ќе потсетиме, Италија ги пропушти последните два Мундијали во 2018 и 2022 година, па така сигурно тежок удар било за Италијанците да не одат и третпат во низа на едно Светско првенство.