Монструозна партија на Кари против Сан Антонио, Богдановиќ блесна против Далас (ВИДЕО)
Натпреварот беше неизвесен од самиот почеток, но „воините“ успеаја на крајот да извојуваат голема победа со кошот на Џими Батлер и поените на Кари од линијата за слободни фрлања.
Кари го заврши мечот со 49 постигнати поени и беше најзаслужен за важната победа на Голден Стејт.
Драматично беше и во Далас, каде што триумфира Лос Анџелес Клиперс (133-127), а натпреварот го одбележа Џејмс Харден со 41 поен, 14 скокови и 11 асистенции, но добар беше и српскиот кошаркарс Богдан Богдановиќ кој постигна 21 поен.
Останати резултати:
Њујорк – Мајами 140-132
Орланд – Бруклин 105-98
Детроит – Филаделфија 114-105
Хјустон – Портланд 140-116
Милвоки – Шарлот 147-134
Минесота – Сакраменто 124-110
Њу Орлеанс – Лос Анџелес Лејкерс 104-118