Обрадовиќ: Играчите само дремат на телефоните, никој не мисли на Партизан!

Партизан по драма загуби од Асвел со 87-88, а тренерот Жељко Обрадовиќ ги критикуваше кошаркарите затоа што не се однесувале професионално.

Тренерот на „црно-белите“ презема вина и на себе, меѓутоа најголемиот виновник за неуспехот против Асвел го смета односот на играчите пред и по натпреварот во Евролигата.

„Кошаркарите не размислуваат за натпреварите, пред мечот со Асвел влегов во соблекувална и сите беа на телефоните, не се однесуваа нормално. Јас сум некој кој ќе преземе одговорност во некои ситуации, но во оваа не можам да разберам. Кога влегов во соблекувалната по поразот, иста беше сликата како и пред мечот. Играчите само дремат на телефоните, никој не мисли на Партизан. Тоа се неверојатни работи, не знам како веќе да реагирам“, кажа Обрадовиќ.

Партизан по 11 одиграни кола се наоѓа на 17. место со четири победи и седум порази.