„Не би го земал Јамал на Светско, најдобро за сите е да игра за Мароко“
Јамал не го прифати повикот за Шпанија под изговор дека е повреден, остана да се рехабилитира во Барселона.
Тој не дозволи да го прегледаат и лекарите на шпанската репрезентација, а тоа предизвика сомнеж дека не се работи за повреда.
„Не би го земал Јамал на Светското првенство! Тоа што го прави е комплетно непочитување на Шпанија. Најдобро за сите е тој да оди да игра за Мароко“, напиша новинарот, Исак Фоуто.