Трагедија во Бразил: Почина 18-годишен фудбалер откако бил застрелан од неговиот брат!

Голема трагедија го потресе Бразил, откако почина 18-годишниот Вaндерсон Брандао де Соуза кој бил застрелан од својот помлад брат.

Братот на Вaндерсон ја чистел пушката во семејната куќа, при што случајно испалил куршум со кој го усмртил младиот фудбалер.

Истрагата на полицијата е во тек, односно се истражува потеклото на оружјето, по што се чека соопштение од надлежните служби.

Фото: Instagram/@aragoianiafcoficial