Јокиќ најави голема промена во својата игра: Сфатив дека тоа е бесмислено

Никола Јокииќ одигра уште еден одличен натпревар во победата на Денвер над Индијана со 117-100 во кој постигна 32 поени и додаде 14 скокови и исто толку асистенции, а по дуелот најави и една промена во неговото однесување на теренот.

На прес-конференцијата Јокиќ откри од оваа сезона веќе нема да влегува во расправа со судиите бидејќи сфатил дека тоа не му носи ништо добро.

„Тоа за мене е нова работа оваа година. Нема да се нервирам поради тоа, ниту ќе викам на судиите. Од сега мојата енергија ќе ја носачам само на кошарката. Дали тоа го правев премногу? Не, секогаш се обидував да имам почит, меѓутоа сега знам дека е бесмислено. Ако судијата донел одлука, нема да ја промени. Никогаш не се случило такво нешто и не можеш да го контролираш, тоа е тоа“, изјави српскиот кошаркар.