Деветти натпревар, шести трипл дабл на Јокиќ (ВИДЕО)
Денвер играше без Џамал Мареј и Арон Гордон, но тоа не го спречи Јокиќ да до однесе својот тим до нова победа. Единствен дел од статистиката кој не му одеше во прилог на српскиот ас беа осумте загубени топки, најмногу оваа сезона, но повторно до трипл дабл стигна уште во третата четвртина.
Пејсерс се доближија на 61-64 на почетокот на третата четвртина, откако Гордон доби техничка грешка иако не беше во тимот, туку седеше во „цивилка“ на клупата за резервни играчи. Сепак Индијана на почетокот од сезоната е драстично ослабена што придонесе на првите девет натпревари да доживее дури осум порази, па и ноќеска не успеа да издржи до крајот и да направи изненадување.
Арон Нејсмит постигна 25 поени за гостинскиот тим, Нембхард додаде 22, а Монте Морис, кој потпиша во петокот, имаше еден поен за 15 минути.
РЕЗУЛТАТИ
Вашингтон - Далас 105-111
Филаделфија - Торонто 130-120
Атланта - ЛА Лејкерс 122-102
Кливленд - Чикаго 128-122
Сан Антонио - Њу Орлеанс 126-119
Мајами - Портланд 136-131
Денвер - Индијана 117-100
ЛА Клиперс - Феникс 103-114