Луди каталонци: Навивачи на Барса го запалија автобусот со кој стигнаа на стадионот во Бриж (ВИДЕО)

Вечерва во Бриж е избегната трагедија во која можеа да настрадаат навивачи на шпанскиот првак Барселона.

„Каталонците“ гостуваат на истоимениот клуб во Лигата на шампионите, а организаторот се согласи да им овозможи организиран превоз на фановите до стадионот каде се игра натпреварот. Некои од нив толку паднаа во еуфорија што почнаа да палат факели во автобусот и предизвикаа пожар. Чиста среќа е што нема жртви во оваа ситуација.

Фановите објавија дека автобусот го запалиле припадници на навивачката група Boixos Nois кои вчера и денеска правеа проблеми и низ градот. Порази нив, сега сите навивачи на Барселона се оставени без превоз и вечерва ќе мораат сами да бараат начин како да стигнат до хотелите каде се сместени.