ВАР и Јамал ја спасија Барселона, Интер чекори без грешка (ВИДЕО)
Натпреварот заврши без победник (3-3), а Белгијците се тие кои можат да жалат затоа што не ја искористи катастрофалната одбрана на противничкиот тим. Дефанзивците на Барса се однесуваа како аматери, а она што им успеваше минатата сезона со високите офсајд стапици, очигледно сега не функционира и тоа е причината за големиот број примени голови.
Кошмар за Барселона вечерва беше Форбс кој учествуваше во постигнувањето на дите три гола на Бриж. Во шестата минута му асистираше на Тресолди за почетно водство, во 17. се погрижи за 2-1, а во 63. и за 3-2. Среќа за Барселона е тоа што беа расположени нејзините напаѓачи, Феран Торес се погрижи за првото израмнување, Ламин Јамал за второто по одличната акција со Фермин Лопез, а по центаршутот на Јамал дојде и третиот (авто)гол откако Циолис си ја затресе мрежата.
На крајот, во 91. минута Бриж постигна и четврти гол преку Верман, но по прегледувањето на снимката, судијата Ентони Тејлор го поништи поради претходен фаул. Иако може да биде среќна за освоениот бод, Барселона може скапо да ја чини денешното реми бидејќи останува надвор од топ-8, а во следното коло му гостува на Челси.
Од останатите натпревари, Интер остана во друштво на Баерн и Арсенал како трет тим со максимален ефект по четири одиграни кола откако вечерва го совлада Каират со 2-1. Манчестер Сити, пак, ја прегази Борусија Дортмунд со 4-1, благодарение на головите на Фоден (2), Халанд и Шерки.
РЕЗУЛТАТИ
Ајакс - Галатасарај 0-3
Бенфика - Баер 0-1
Брии - Барселона 3-3
Интер - Каират 2-1
Манчестер Сити - Борусија 4-1
Марсеј - Аталанта 0-1
Њукасл - Атлетик 2-0
Пафос - Виљареал 1-0
Карабах - Челси 2-2