Грми во Бриж - три гола за 11 минути, Барса губи (ВИДЕО)

Убедливо најинтересно вечерва во Лигата на шампионите е во Бриж каде истоимениот тим ја пречека Барселона.

Иако „каталонците“ се големи фаворити за триумфот, по 20-тина минути игра водат домаќините со 2-1 и тоа е нивно второ водство на овој меч. Сите три гола беа поститнати од шестата до 17. минута при што во центарот на вниманието е фудбалерот на Бриж, Форбс, а одбраната на Барселона уште еднаш потврди дека е катастрофална.

Во шестата минута Форбс му асистираше на Тресолди за предност од 1-0, само две минути подоцна израмни Феран Торес, а потоа Форбс самиот ја затресе мрежата на Шчесни. Барселона има 80% посед на топката, но бадијала кога одбранбените фудбалери не можат да задржат ништо и двата гола ги примија од контранапади.