Храбриот Карабах освои бод против Челси, историска победа за Пафос! (ВИДЕО)

Карабах одигра уште еден одличен меч во Лигата на шампионите, 2-2 против Челси, прва победа во големото натпреварување забележа Пафос кој со 1-0 го совлада Виљареал.

Карабах продолжува да биде хит во првите кола од Лигата на шампионите, азербејџанскиот тим освои бод против Челси и сега има вкупно седум по четири одиграни кола.

Челси поведе уште во 16. минута од натпреварот, но на одморот Карабах беше тој кој отиде со водство. Леандро Андраде и Јанковиќ од пенал погодија за комплетен пресврт и предност на домаќините од 2-1.

По осум минути игра во второто полувреме Гарначо даде гол за израмнување на 2-2, што беше и конечен резултат.

До крајот на натпреварот и двата тима имаа шанси да дојдат и до трите бода, но се чини дека ремито е најреален резултат.

Денеска има славје на Кипар, Пафос дојде до првата победа во главниот дел од Лигата на шампионите откако го совлада Виљареал со 1-0.

Клучниот момент се случи на почетокот од второто полувреме кога Лукасен со глава реализираше за водство на домаќините кое беше доволно за триумф.