 
  Синер без милост го уништи Серундоло за четвртфинале во Париз
Серундоло даде голем отпор во првиот сет, иако Синер на двапати правеше брејк на сервисот на Аргентинецот, сепак тој возврати на ист начин (4-4). Италијанецот додаде гас во финишот и направи уште еден брејк во 12. гем за победа од 7-5.
Аргентинецот го загуби здивот и почнаа проблемите во вториот сет, а тоа знаеше како да го искористи Синер кој му дозволи на противникот да освои само еден гем (6-1).
Синер во следното коло ќе се бори против Бен Шелтон.
Фото: EPA