Автобус полн со навивачи се преврте на автопат во Бразил (ВИДЕО)

Автобус кој бил полн со навивачи на Фламенго се превртел во понеделникот на автопат во Бразил, при што со повреди се здобиле 46 фанови на познатиот клуб.

Навивачите биле на пат кон Аргентина, каде што Фламенго требало да игра меч против Расинг, но се случила несреќата и најголем дел од фановите завршиле во болница.

„Пријавени се 46 повредени лица. Од тоа 32 се со полесни повреди, додека останатите имаат посериозни повреди“, соопштија од клубот.